Министерот за здравство д-р Венко Филипче, денеска го посети вакциналниот пункт во Поликлиниката во Шуто Оризари, и каде граѓаните од оваа општина, од денеска ќе може да се вакцинираат за Ковид 19 без закажан термин. Пунктот за вакцинација во оваа општина почна да работи од денеска, а работното време на истиот ќе биде од понеделник до петок од 7.30 до 14.30 часот. на граѓаните од утрово е голем, истакна министерот.
– Механизмите кои ги имаме, кампањи, теренска вакцинација, ќе придонесат за што поголем број граѓани да се вакцинираат. Веројатно ќе има и нови соеви на вирусот, ќе има и нови мутации, но со рестрикции не може да живееме. Секаде во регионот, ширум Европа, буквално има од сите мутации на вирусот. Затоа го имаме овој пристап, сега го користиме овој инструмент – вакцините, кои лани го немавме, така ќе се заштитиме од сите соеви- изјави Филипче.