Филхармонија и „Архангел” за поубаво Скопје

Tрадиционално во соработка со град Скопјена 26 јуливо 21 часот во Градскиот Парк ќе се одржи концертотФилхармонија на отворено“. Оваа година концертот е посветен на музиката на еден од најзначајните македонски бендови „Архангел“, во оригинална и автентична оркестрација на Џијан Емин. Публиката ќе има исклучителна можност да ги чуе безвременските песни на овој култен македонски бенд со кој пораснаа многу генерации. Оркестрацијата на Емин ги следи авторските компоненти на песните, но, оркестрацијата е целосно авторска и оригинална.Џијан Емин е диригент на овој концерт, а со оркестарот ќе настапи и фронтменот на „Архангел” – Ристо Вртев

.-Многу сме среќни, што и оваа година, го реализираме концертот „Филхармонија на отворено”, настан кој премина во традиција, посебно што оваа година тој е посветен на „Архангел” – бендот кој остави траен печат во македонската рок историја. Сите знаеме кои се „Архангел”, кој е Ристо Вртев, тој е вистински волшебник за мене – вели Тина Иванова, в.д. диркторка на Филхармонија.


 Ристо Вртев, вели дека привилегија е за секој рок музичар да има ваков оркестар зад себе, и дека ваквите проекти треба да станат традиција.

-Сега, додека ги пејам песни, во ваков амбиент, откривам нови работи, ми будат поинакви емоции од времето кога беа напишани. Се надевам дека со овој концерт ќе придонесеме нашиот град да биде уште поубав – вели Вртев.


 Оркестрациите на песните се на Џијан Емин и тие ќе понудат поинаква звучна слика на песните од „Архангел”.

-И покрај тоа што сум работел со „Архангел”, мојот прв настап со овој бенд како клавијатурист беше во 1998 година, јас себеси, пред се се гледам како фан на овој исклучителен македонски бенд. Така што можам да кажам дека, покрај тоа што ќе го водам овој концерт во сабота, јас воедно ќе бидам и дел од публиката – истакна Емин.


 Традиционално овој концерт се реализира во соработка со Град Скопје.

-Возбудени сме што оваа година одбележувањето од трагичниот земјотрес на нашиот град ќе биде збогатено со најдоброто нешто, со музиката на еден од најдобрите македонски бендови „Архангел”. Добрите познавачи ја ставаат оваа музика во т.н. категорија на безвременски песни кои му пркосат на времето и живеат вечно, благодарени на својот врвен музички квалитет – вели Петре Шилегов, градоначалник на Град Скопје.

 Дизајнот на плакатот за настанот е на Горан Златевски, а концертот ќе биде збогатен и со визуелизацијата на Наташа Поплавска, а анимациите на Дејан Матиќ -Део.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Екран ви ги претставува хедлајнерите на Pinkpop 2024

Екран во неколку објави ќе се обиде да ви ги презентира најголемите музички имиња кои …