ФЕМИНЕМ имаат моќна балада „Има ли нас сутра”

Феминем, односно девојките кои во 2010 ја претставуваа Хрватска на Евровизија во Осло со темата „Лако је све”, имаат нова песна. Моќната балада со наслов „Има ли нас сутра” авторски ја потпишуваат Бранимир Михаљевиќ (музика и аранжман) и Ненад Нинчевиќ (текст) веќе е пуштена во етерот, а нејзината љубовна порака на многумина ќе им изнуди солзи. Свесни за тоа се и девојките од Феминем кои веруваат дека токму оваа песна на многумина ќе им биде избор за првиот свадбен танц.

Во видеото чија режија ја потпишува Сандра Михаљевиќ, Неда, Памела и Ника се како самовили, а улогата на идната невеста ѝ припадна на Неда.


За темата девојките велат:

„Ретко која песна ме носи во некој друг свет, а оваа успеа во тоа. Едноставно те обзема чиста емоција, што за мене е најважно кај песната. Да предизвика реакција”, вели Памела Рамљак.


This image has an empty alt attribute; its file name is ZAJEDNO-1.jpg

„Мило ми е што имаме екипа која исто дише и има исти желби, а тоа е да се прави добра музика и квалитетна слика. Песната е снимена истиот ден кога ја слушнавме и тој ист ден решивме токму таа да е нашиот следен сингл. Ја слушам еден месец и сѐ уште не се заситив”, додава Неда Пармаќ.


„После првото слушање влеговме во студио и ја снимивме. Верувам во оваа песна затоа што низ стиховите ја влечевме онаа емоција која и самите ја преживеавме. Една од оние песни кои гледам дека трае”, пак, вели Ника Антолос.

Феминем своето враќање на сцената го најавија со претходниот сингл „Заједно”, со што ја прекинаа речиси десетгодишната пауза, а „Има ли нас сутра” е одлична најава за плодниот период кој е пред нив. Новата емотивна песна слушнете ја уште денес, пред да се запрашате дали ве има утре.

Фото: Борна Хржина

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Калиопи со концерти во Скопје и Битола

Македонска поп-рок ѕвезда Калиопи, ќе одржи ексклузивни концерти во Скопје, на 19 октомври, во „Арена …