Владимир Четкар со концерт во Скопје и есенска турнеја во САД

На 28 Октомври, Петок, Владимир Четкар после подолго време ќе се претстави пред скопската публика со свој концерт во Станица 26.

Концертот ќе започне во 21:00 часот и ќе трае до 23:00 часот. Билетите во вредност од 600 МКД можат да се набават преку продажната мрежа на Купи Карти За Се.


This image has an empty alt attribute; its file name is Cetkar-Skopje-Stanica-26.jpg

После овој концерт Четкар заминува за Америка каде ќе ја одржи својата есенска турнеја низ некој од најпрестижните амерички џез клубови и културни институции како Нортон Музејот За Уметност во Вест Палм Бич, BOP STOP во Кливленд, Black Cat Jazz Club во Сан Франциско и така натаму.


This image has an empty alt attribute; its file name is Cetkar_USA-1.jpg

Турнеата на Четкар во Америка ќе започне со концерт во Чикаго на 6 Ноември во Skadarliya, потоа продолжува во Детроит во џез клубот Aretha’s Jazz Café at the Music Hall, на 12 Ноември ќе настапи во BOP STOP at The Music Settlement во Кливленд, на 19 Ноември ќе одржи концерт во Њујоршкиот музички клуб Chelsea Table + Stage, на 30 Ноември ќе дебитира во Сан Франциско во Black Cat Jazz Club а на 9 Декември по втор пат оваа година Четкар ќе оддржи концерт во Нортон Музејот на Уметност во Вест Палм Бич во Флорида.


На сите настапи во Америка Четкар ќе се претстави со своја авторска музика и свои аранжмани за септет во придружба на американски музичари.

www.vladimircetkar.com

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Почнува „Крај Вардарот Џез“

Денеска во едукативниот културен центар „Лабораториум“ се одржа конференција за печат во пресрет на петтото …