Евросонгот ќе се одржи и’ покрај коронавирусот

ОРГАНИЗАТОРИТЕ на Евровизиското натпреварување што ќе се одржи во Ротердам во мај, во петокот изјавија дека планираат да го одржат овој значаен музички настан што привлекува милиони гледачи и покрај епидемијата на коронавирус.
Холандскиот јавен радиодифузен сервис НПО објави дека продолжуваат консултациите со Европската заедница за радиодифузија, ко-продуцент на Евровизија, за да се анализира како епидемијата на коронавирус може да влијае на овој натпревар, кој го следат милиони гледачи ширум светот.
„Сè уште е рано да се коментираат можните сценарија, бидејќи тие зависат од настани во блиска иднина. Нашата цел е секогаш да произведеме незаборавен натпревар за песна на Евровизија“, објавиле од НПО, цитиран од холандската новинска агенција АНП.
НПО одбил да одговори на информациите дека натпреварот ќе се организира без публика.
На деветте концерти се очекуваат вкупно 65.000 гледачи, вклучително и финалето на 16. мај.
Со победата на својот изведувач Данкан Лоренс на натпреварот во Тел Авив во 2019. година, Холандија го заработи правото да биде домаќин на Евровизија 2020.
Пристаништето во Ротердам во август беше избрано за домаќин на натпреварот

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Денес се сеќаваме на нашиот фолк пејач Ѓоко Дончев

Ѓоко Дончев е роден на 2 мај 1949 година во Валандово. Тој беше истакнат македонски …