(ВИДЕО) Рум штангли: Посен десерт за мирни утра!

Време е за пауза, одмор, преиспитување и мудрување со кафе и рум штангли…
Потребно е:
1 пакување Батон обланди
150 г посен маргарин
200 г посни бисквити
100 г мелени ореви
230 – 250 мл вода
250 г шеќер
100 г чоколадо
рум
Подготовка: водата ставете ја во сад да зворие, додајте го шеќерот и оставете да вари некои 5 – 6 минути. Додајте го исечениот маргарин и чоколадо. Потоа вмешајте ги мелените бисквити и ореви, се’ изедначете.
Полнете ги корите на обландата и покријте со друг лист. Обландите опритиснете ги и оставете 3 – 4 часа во фрижидер.
Исечете на штангли и уживајте во прекрасниот вкус.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Денеска се празнува Велики петок

Велик петок На Велики Петок Црквата ги споменува смртта и погребението на Господ Исус Христос …