ЕКСКЛУЗИВНО: DEEPER UNDERGROUND FESTIVAL со MEDUZA, LTJ BUKEM X RONI SIZE X MC Dynamite и ARTBAT во Охрид од 14 до 16 август!

Локација: Касарна
Капацитетот е адаптиран по протоколите за само 3.000 посетители од вечер (20% од капацитетот во Касарна)!

Задоволство ни е да ви најавиме дека Авалон Продукција од оваа година патентира нов бренд DEEPER UNDERGROUND, чие име зборува самото за себе.
Па така, ви најавуваме дека после откажувањето на масовниот фестивал Ohrid Calling, успеавме Охрид, Македонија и регионот сепак да имаат неверојатно квалитетен електронски настан со најголемите светски имиња на house, d’n’b и techno сцената и тоа по следниот редослед:


MEDUZA – 14 август
LTJ BUKEM X RONI SIZE X MC Dynamite – 15 август
ARTBAT – 16 август

Се работи за once in a lifetime experience, вакви имиња да може да видиме за лимитиран број на публика од само 3.000 посетители по вечер, на капацитет од 15.000 посетители, што овозможува да бидат опфатени и реализирани сите мерки за заштита пропишани од протоколите за open air настани коишто ги изработија Авалон продукција и Министерството за здравство.


Тоа значи дека секое друштво кое ќе присуствува на настаните, ќе мора да држи физичка дистанца од друго друштво, што нема да претставува проблем, со оглед на тоа дека капацитетот на локацијата е со 15.000 посетители.
Исто така, секој посетител со секоја купена карта добива специјална маска со логото на Авалон Продукција при влез, која задолжително ќе треба да ја носи за времетраењето на настанот.
Еден од најголемите хаус диџеи во моментов и добитник на Греми награда MEDUZA кој ги покори сите светски плејлисти со мега хитовите “Piece of your heart”, “Lose Control” и “Born to Love”, за прв пат доаѓа во Македонија, со ексклузивен сет кој веруваме дека нема да ве остави рамнодушни.
Следниот ден е резервиран за пионерите на DNB сцената LTJ Bukem x Roni Size x Mc Dynamite кои не само со својот долгогодишен стаж, туку и со нивната фантастична енергија го прават секој настап уникатен. Ова е историска можност да ги видите тројцата артисти на иста сцена во иста вечер.


За крај како големо финале, на 16-ти август настапува електронското дуо ARTBAT кое во моментов важи за едно од најквалитетните на светската техно сцена, а чија музика му донесе и огромна популарност, а квалитетот остана недопрен!
За овој најексклузивен настан ова лето во Македонија влезниците по цена од 1.200 ден за една вечер и блок влезници по неверојатна цена од само 1.990 денари за сите три дена, ќе бидат во продажба од четврток (30.07) од 09 часот наутро и тоа онлајн на avalon.mk, Avalon Music & Ticket store и продажните места во мрежата на Авалон низ Македонија.
Да ги почитуваме мерките и да уживаме во Deeper Underground festival ова лето- е сепак возможно и остварливо.
Се гледаме во Касарна Охрид од 14 до 16ти август!
Авалон Продукција

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Денес се сеќаваме на нашиот познат актер Данчо Чевревски

Данчо Чевревски е роден во Скопје на 17 мај 1951 година. Тој беше познат македонски …