Ве информираме дека Зарина Првасевда, после фантастичниот распродаден концерт во Македонската Филхармонија по повод издавањето на нејзиниот прв албум „ЕХО” , објавува уште тринови датуми и градови во кои ќе одржи концерти придружувана од нејзиниот ансамбл.
Кочани – 8 Октомври – Градски Парк почеток 13:00ч.
Битола – 13 Октомври – Центар за култура почеток 20:00ч.
Демир Хисар – 14 Октомври – Дом на култура “Илинден” почеток 20:00ч.
На овие концерти Зарина Првасевда ќе ги изведува песните од својот – прв официјален
студиски албум, насловен „ ЕХО ” , кој го издаде за најголемата и најпродуктивна издавачката куќа на Балканот Croatia Records.
Истиот е склоп од 11 традиционални песни од Балканот, спакувани во нови аранжмани а отпеан на 5 јазика и тоа : Македонски, Албански, Турски, Српски и Бугарски.
„Оваа т.н ” мини турнеја ” е нешто што со нетрпение го очекував да се случи после оној концерт во Македонската Филхармонија кога мене лично ми се случи второто раѓање и едно вистинско реобликување за какво што претходно можев само да сонувам. Признавам дека сонував и овојпат…и еве уште еден од соништата станува реалност , само умножен во три нови датуми и три нови градови, сите од нив со посебно значење во моето срце.
Вистински е голема радоста и меракот да пејам во родниот град, на моите Демирхисарци , во Битола – мојот втор дом и голема љубов како и во Кочани, градот кој ме освои со близината која ме дели од најмагичните зајдисонца што некогаш сум ги посведочила.
Она што за сигурно го знам е дека ќе имаме можност повторно заедно да ја одживееме магијата и синергијата што ни се случи нам присутните во Македонската Филхармонија , преку фреквенцијата на музиката да се прегрнуваме, да плачеме и да се утешиме, да и се радуваме , да ја помилуваме одблизу песната на народот , да ја налееме со љубов и одново да и дадеме крила , онака како што таа заслужува за да лета слободна и да патува се до онаму до кадешто некому ќе биде мелем .
Кочани, Битола , Демир Хисар – ЕДВАЈ ЧЕКАМ ! ” вели Зарина.