Едукативната претстава за деца „Мобиленд“ во Јавна Соба

Во сабота 27 јануари 2024 година во Јавна Соба во Скопје, ќе биде изведена едукативната претстава за деца „Мобиленд“.

Претставата е за деца над 5 години и ќе се оддржи во конференциската сала на Јавна Соба. Бројот на деца е ограничен на 45.


Претставата ,,Мобиленд” е детска интерактивна претстава за деца и млади (4-14 години) која ја обработува темата за дигитализација. Оваа претстава има за цел да ги научи младите правилно да ја користат технологијата и да научат да направат баланс. Да ги потсети на негативните страни кои може да се појават од прекумерно користење на истата. Преку приказната на ликовите Теа и Супер Сонко, кои се обидуваат да ја спречат тоталната дигитализација и создавање на свет на роботи, оваа претстава се обидува да прикаже дека младите можат да изберат баланс и здрави навики и дека тоа ќе им помогне да живеат здрав и среќен живот. Претставата не сака да прикаже целосно негативно влијание на мобилните телефони, интернетот, компјутерите, напротив, сака да повика децата да воспостават баланс и да преку истата ги врати во функција игрите во природа, спортот и комуникацијата помеѓу дечињата аналогно, а да дигиталниот свет сеуште остане во функција но не 100%.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

ЈУРОП ХАУС ГИ ПОЧНА АКТИВНОСТИТЕ ПО ПОВОД ДЕНОТ НА ЕВРОПА, СО СЕРИЈА НАСТАНИ ШИРУМ ЗЕМЈАТА ВО ТЕКОТ НА МАЈ

Централниот настан е закажан за 22 мај, од 20 часот, на платото на Универзитетот „Св. …