Двајца починати и 46 новозаболени од коронавирус во Македонија: Состојбата сега е 430 инфицирани

Министерството за здравство информира дека на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби починаа двајца пациенти.

Едниот пациент на возраст од 70 години од Куманово кој од коморбидитети имал хипертензија и срцева слабост, неговиот резултат на Ковид-19 се уште не е готов. Другиот е пациент на возраст од 68 години, од село во околината на Тетово, кој имал артериска хипертензија.


Денеска од Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби, со два контролни негативни теста на Ковид-19 се испишани тројца пациенти кои се во добра здравствена состојба и тие заминуваат дома.

Во изминатите 24 часа регистрирани се 46 нови случаи на коронавирус во земјата.


По градови: Скопје-13, Куманово-23, Дебар-2, Прилеп-1, Тетово-2, Велес-2, Гостивар -1, Гевгелија -2. Со ова вкупната бројка на дијагностицирани пациенти со КОВИД-19 денеска изнесува 430 лица,.

Според местото на живеење, досега случаи на КОВИД-19 се регистрирани во:


Скопје – 208

Куманово -85

Дебар – 49

Штип-15

Прилеп – 22

Тетово – 15

Струга – 9

Велес – 8

Битола – 4

Охрид – 3

Кавадарци – 2

Гостивар – 2

Гевглелија – 4

Струмица – 1

Крива Паланка- 2

Кочани – 1

„Во изминатото деноноќие направени се 389 теста од кои преку ИЈЗ- 222. Преку Ветеринарен факултет – 13, лабораторија Авицена- 22, Биотек – 20 и Филип Втори (Жан Митрев) – 112. Досега во земјата се направени 4.506 тестирања на Ковид-19“, стои во соопштението.

Министерството за здравство информира дека меѓу потврдените случаи од Куманово, има нови потврдени здравствени работници позитивни на Ковид-19 од болницата во Куманово, за кои Министерот за здравство Венко Филипче дополнително ќе информира на редовната прес конфенција.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Хороскоп за утре за сите хороскопски знаци: Прочитајте што не советуваат ѕвездите за утре 03.05.2024 во врска со работата, љубовта и здравјето

Овен Работа: Ефикасниот и работно мотивиран Овен крајот на првата работна недела го дочекува задоволни …