Починал познатиот дизајнер Серџо Роси:„Огромна загуба“

Серџо Роси (84), основачот на истоимената модна куќа за производство на луксузни чевли, починал во четвртокот навечер, од последици од корона вирусот, објавила градоначалничката на Сан Мауро Пасколи.
Претприемачот бил хоспитализиран во болница во северна Италија, а починал синоќа.


„Неговата смрт е огромна загуба за нашата заедница – рекла Лусијана Гаргулија, градоначалничка на општината со 47.000 жители.
Групата „Гучи“ во 1999. година купила околу 70. отсто од марката на Серџо Роси за 96. милиони долари, а во 2005. година од семејството Роси ги откупила останатите 30 проценти.
Подоцна, во 2015. година, марката „Роси“ е продадена на групата Invest industrijal.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Денеска се празнува Влегување на Господ Исус Христос во Ерусалим – Цветници

Влегување на Господ Исус Христос во Ерусалим – Цветници Кога Царот, седејќи на осле, влегол …