Епидемијата на коронавирус ги сврте животите наопаку и принуди многумина да ги променат своите правила на однесување. Еден клуб во Риека им забранил влез на луѓе со низа „симптоми“.
Смешен натпис се појави пред еден бар во Риека, кој и покрај шегите, некои ќе ги натера да размислат.
„Клубот на млади во Риека испраќа силна порака! Ве молиме, НЕ влегувајте со еден од симптомите!
▪️ КОВИД 19
▪️ РАСИЗАМ
▪️ ХОМОФОБИЈА
▪️ ФАШИЗАМ
▪️ НАЦИОНАЛИЗАМ
▪️ ШОВИНИЗАМ
▪️ СЕКСИЗАМ
▪️ ПРИМИТИВИЗАМ
▪️ СНОБИЗАМ
▪️ СЕНЗАЦИОНАЛИЗАМ “
Тие наведуваат дека Клубот на млади од Риека има нулта толеранција кон агресијата, дрогата и сите форми на дискриминација и дека се препознатливи по нивната хуманитарна работа – им помогнале на поплавените во Србија и Босна, им помагаат на најзагрозените и животните. Тие исто така имаат училиште за странски јазици и бесплатни курсеви за граѓаните.