Доделување награди и проекција на „Застарениот случај Хамарскјелд” за затворање на „Киненова”

Со доделување на наградите вечерва завршува официјалниот дел од програмата на филмскиот фестивал „Киненова”.
„Застарениот случај Хамарскјелд”, сценарио и режија: Мадс Бругер (Mads Brügger) говори за еден од најважните и најценети шведски политичари Даг Хамарскјелд за кого се смета дека му е извршен атентат, а овој автор имал сила и храброст да го отвори повторно овој случај со лични истражувања и да донесе на виделина една вешто сокриена вистина со својот брилијантен и наградуван документарен филм.
Данскиот режисер Мадс Бругер и шведскиот приватен детектив Јеран Бјоркдал се обидуваат да ја решат мистеријата околу мистериозната смрт на  Даг Хамарскјелд, кој заедно со поголемиот дел од екипажот загина во авионска несреќа. Како се развива истрагата, така случајот стар повеќе од 50 години добива нова димензија и открива криминал многу поголем од убивањето на тогашниот генерален секретар на ОН.
Проекцијата е во 20 часот во Кинотека.
Претходно публиката ќе може да погледне уште едне филм од Јесим Устаоглу, турска режисерка која годинава е член на жирито на „Киненова” и чии филмови беа прикажани во програмата „Посветено на…”.
Во 18 часот во Кинотека на Македонија ќе биде прикажан филмот „Пандорината кутија”. Кога старата Нусрет заболува од Алцхајмерова болест, тоа е аларм за нејзините три деца да дојдат во местото каде се родиле и израснале и да ја донесат во Истанбул за да се грижат за неа. Во тие моменти Пандорината кутија се отвора и на површина излегуваат сите сеејни тајни. Филм кој ги воодушеви сите на прњстижниот фестивал во Сан Себастијан, а критичарите во написите ја спореди филозофијата на режисерката Устаоглу со големите мислители на 20 век, Хајдегер и Дерида.
Во следните неколку дена ќе биде прикажана унгарската кинематографија, како и повторна проекција на филмот „Медена земја” која е закажана за во недела (13 октомври) во 18 часот.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Промоција на книгата „Атакама“ од црногорскиот писател Никола Николиќ

Вечерва со почеток во 19:00 часот, во книжарницата на „Литература.мк“ на ул. „Македонија“, во рамките …