Дистрикт бар и ресторан ќе донира по едно евро од секој оброк за децата од СОС Детско село

Дистрикт бар и ресторан, во склоп на Скопје Мериот хотел ја започна својата глобална иницијатива “YouEat, We Give” преку која од секое нарачано главно јадење ќе одвојува по 1 евро наменети за донаторски цели. Акцијата ќе се спроведува во текот на месеците септември и октомври, а собраните средства ќе бидат донирани во СОС Детско село.

„YouEat, WeGiveе глобална кампања на Мериот хотелите, во соработка со СОС Детското село, преку која што секоја година донираме средства за поддршка на младите да ја започнат својата кариера и да изградат за себе квалитетен живот. По трет пат, оваа година Мериот, односно Дистрикт бар и ресторан, ќе донира 1 евро од секое нарачано главно јадење. Кампањата почна на 1ви септември и ќе трае до крајот на месец октомври. Ова е дел од програмата на Мериот за помагање на општеството и заедницата, и искрено се надеваме дека оваа година ќе биде уште поуспешна од минатата“, велaт од Мериот.


Корпоративната одговорност и грижата за заедницата, Мериот ја дополнува и со добротворни алки од лимитирано издание кои чинат 5 евра, од кои 4 евра се издвојуваат и ќе бидат наменети за истата цел и донирани во СОС Детското село.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Хороскоп за утре за сите хороскопски знаци: Што нè советуваат ѕвездите за утре, 22.05.2024 година, во врска со работата, љубовта и здравјето

Овен Работа: На Овенот му претстои успешен и активен ден, без разлика дали се работи …