Џереми Ренер пуштен од болница по бизарната несреќа во која се здоби со тешки повреди

Џереми Ренер е пуштен од болница и сега е дома по неговата несреќа додека го чистел снегот.
Актерот бил прегазен од булдожер во близина на неговиот дом во Рено, Невада, додека се обидувал да им го расчисти патот на семејството и соседите.
Откако со хеликоптер бил пренесен во локалната болница со тапи трауми на градниот кош и ортопедски повреди, следниот ден тој имал итна операција.


Актерот одговорил на твитот на серијата „Mayor of Kingstown“, потврдувајќи дека сега е дома со своето семејство по престојот на интензивна нега. Тој открил дека можел дома да ја гледа премиерата на втората сезона од серијата во која глуми.
„Надвор од зашеметувањето на закрепнувањето, бев многу возбуден што ја гледав првата епизода од втората сезона со моето семејство дома“, напишал тој.


Ренер е најпознат по улогата на Хоки во филмскиот универзум на Марвел, почнувајќи од „Тор“ (2011) и „Одмаздници“ (2012). Неодамна глумеше и во серијата на Disney+ „Hawkeye“.
Ренер беше номиниран за Оскар за неговите улоги во филмовите”The Hurt Locker” (2008) и “The Town” (2010). Također, се појавил и во филмовите „Mission: Impossible – Ghost Protocol” (2011), „American Hustle”(2013) и „Mission: Impossible — Rogue Nation” (2015).

Фото: Принтскрин/Instagram

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Среќен роденден Сашко Пандев !!!

Сашко Пандев е роден на 1 мај 1987 година во Струмица. Тој е поранешен македонски …