Џејсон Момоа (42) и Лиза Боун (54) решиле да му дадат уште една шанса на својот брак.
Шест недели по изненадувачката објава на Инстаграм за разводот, која сега е избришана, пријател на ѕвездата на Аквамен за „Hollywood Life“ вели дека парот се предомислил и дека веќе повторно живеат заедно.
„Џејсон се врати кај Лиза пред две недели и тие се повторно заедно. Решиле да поработат на врската затоа што вложиле многу еден во друг”, рекол пријателот на Џејсон за весникот.
Нивните две тинејџерски деца – 14-годишната ќерка Лола и 13-годишниот син Накоа-Волф, се „очигледно воодушевени што нивните родители дале уште една шанса на нивниот брак“, вели изворот, кој додал „Сите навистина се надеваат дека овој пат ќе успее“.
Иако Џејсон и Лиза, кои се венчаа во октомври 2017. година, беа во брак пет години, тие почнаа да се забавуваат пред повеќе од 16. години, во 2005. година. Нивната љубовна приказна оди подалеку од тоа – барем од гледна точка на Џејсон.
Појавувајќи се во шоуто на Џејмс Корден во 2017. година, Џејсон открил дека почнал да се заљубува во Лиза кога имал само 8. години откако ја видел нејзината улога како Дениз Хакстејбл во ситкомот „Шоуто на Козби“ од 1980. година.
„Лиза е и отсекогаш била единствената жена што Џејсон ја сакал“, изјавил споменатиот пријател на актерот.