Детскиот фестивал “Поточиња” на 24 и 25 март прославува 15 години јубилеј

Пролетта во Скопје традиционално е резервирана за детскиот фестивал „Поточиња”.

Новото издание „Поточиња 2018” ќе се одржи на 24. и 25. март 2018 година во Македонска опера и балет и воедно ќе значи прослава на 15 години јубилеј на овој реномиран детски фестивал.


Организаторот Пап продукција најавува специјално роденденско издание исполнето со нови песнички, прекрасни приказни, изненадувања и специјална роденденска програма. Домаќин на дечињата ќе биде популарната маскота „Поки” која ќе ја води публиката низ ова јубилејно издание.

На репертоарот се 6 претстави со почеток од 11:00, 13:00 и 19:00 часот. Билетите по цена од 200 денари се во продажба на билетарата на МОБ, Југотон и онлајн на www.jugoton.mk.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Екран ви ги претставува хедлајнерите на Pinkpop 2024

Екран во неколку објави ќе се обиде да ви ги презентира најголемите музички имиња кои …