Десерт што не се пече: Колач со кокос, кикирики и чоколадо

Состојки:
Основа:
130 г кокосово брашно
80 г кикирики путер
80 г несолени кикирики
50 г какао
4 лажици мед
1 лажица вода
Фил:
200 г кикирики путер
70 г путер
70 г мед
малку сол
Глазура:
100 г црно чоколадо
1 лажица кикирики путер
1 лажица путер
1 лажица мед
Подготовка: сите состојки за основата ставете ги во блендер и миксирајте додека не добиете густа и леплива смеса.
Во плитка правоаголна тава префрлете ја смесата и убаво притиснете. Ставете во фрижидер да се излади и стегне.
Во друг сад ставете ги сите состојки за филот и матете додека не добиете мазна и сјајна смеса. Готовиот фил префрлете на изладената основа, израменете и се вратете во фрижидер, на барем еден час.
Подгответе ја глазурата: во соодветен сад ставете ги путерот, чоколадото и медот па растопете на умерена температура. Кога состојките ќе се истопат додајте една лажица путер од кикирики и се убаво измешајте па полијте преку колачот. До сервирање повторно вратете во фрижидер.
Украсете по желба.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Утре е најтажниот ден во христијанството: Што не треба да јадете за Велики петок

Велики петок претставува најтажен ден во христијанството, а на денешен ден е пропишан најстрог пост. …