Лидерите на ЕУ денеска и утре преку видео конференција ќе разговараат за најновите случувања во борбата против пандемијата Ковид-19, стратешката ориентација во безбедносната и одбранбената политика и односите со јужното соседство.
Денес, првиот ден од видео-конференцијата на лидерите на ЕУ, ќе биде целосно посветен на состојбата со пандемијата Ковид-19.
Тоа е продолжение на редовните видео состаноци на лидерите на ЕУ кои започнаа минатата година со цел да се координира европскиот одговор на пандемијата.
Овој пат, лидерите ќе разгледаат забрзување на стратегиите за вакцинација и производството на вакцини во Европа.
Исто така, ќе се дискутира за ограничувањата наметнати од некои земји-членки со цел да се спречи ширењето на нови видови на вирусот и влијанието на тие ограничувања на слободата на движење и единствениот пазар на ЕУ.
Сертификати за вакцинација и прилагодување на вакцините кон нови видови на вирус се исто така на списокот на лидери на ЕУ.
На вториот ден од видео конференцијата, генералниот секретар на ЕУ, Јенс Столтенберг и министерот за надворешни работи на ЕУ, Јосеп Бореj, ќе им се придружат на лидерите на ЕУ во дискутирање на безбедносната и одбранбената политика и ориентација.
Вториот ден од конференцијата на лидерите на ЕУ ќе заврши со разговори за односите со јужните соседи, вклучувајќи ги Египет, Мароко, Израел, Палестина, Сирија и Либија.
Фото: Илустрација/Архива