Денес се сеќаваме на нашиот истакнат уметник и еден од основачите на ДЛУМ Димитар Пандилов

Димитар Аврамовски Пандилов е роден на 1 март 1899 година во  с. Тресонче. Тој беше истакнат македонски уметник, претставник на импресионизмот и еден од основачите на ДЛУМ.

Завршил ликовна академија во Софија, 1924 година. Бил во Франција (Монпелје и Париз), каде што меѓу другото работел и на академијата „Гранд Шомјер“ (1928).


Самостојно излагал (од 1926 год.) во Ќуприја, Скопје, Софија. Излагал на повеќе групни изложби во Софија и во Југославија; меѓу другото на повеќе тематски и претставителни изложби на македонската уметност.

Пандилов е претставник на жанрот битово сликарство со неговите дела што го обработуваат народниот живот и битот на македонскиот народ.


Негови најпознати дела се:

  • „Покрај вода“ (1925)
  • „Жетварки“ (1926)
  • „Акт“ (1928)
  • „Вршидба“ (1936)
  • „Жетварки“ (1936)
  • „Товарен воз“ (1950)
  • „Вршидба“ (1951)
  • „Жетва“ (1954)
  • „Режење на афион“ (1959)
  • „Невести на чешма“

Загинал во Скопскиот земјотрес на 26 јули 1963 година.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Премиерна изведба на театарската претстава „Парови“ вечерва во Драмски

Вечерва, со почеок во 20:00 часот, во Драмскиот театар во Скопје, премиерно ќе биде изведена …