Денес се сеќаваме на македонскиот сликар Миле Корубин

Миле Корубин бил роден на 28 ноември 1922 година во Прилеп. Тој е македонски сликар и педагог.

Во 1951 година дипломирал на Академијата за ликовни уметности во Белград. Работел во Историскиот музеј во Македонија. Специјализирал во Париз во 1963/64 година. Неговиот сликарски опус минува низ неколку различни дискурси. Во раната фаза доминантни се влијанијата на некои француски сликари.


Најчести мотиви му се фрагментираните урбани пејзажи-патеписи од различните земји во кои престојувал. Богатата колористичка експресија во последната, апстрактна фаза е смирена и артикулирана низ топлите тонски градации. Автор на меки стилизирани пејзажи (Пејзаж од Париз, 1957) и впечатливи портрети (Славко Јаневски, 1955/56).  Добитник е на многу награди и признанија.

Починал на 13 ноември 2000 година во Скопје.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Обрнете внимание – Пет тивки знаци на проблеми со срцето кои не треба да ги игнорирате

Дали вашето срце е здраво? Во една студија од 2015 година објавена во JAMA, осум …