Денес нестабилно и топло – а од утре само жешко

Времето денес во нашата држава ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Попладне ќе има локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер.
Како што соопшти Управата за хидрометеоролшки работи, утринската температура ќе се движи од 12 до 18 степени, а дневната од 27 до 35 степени. УВ-индексот ќе биде 8.

Во Скопје ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Попладне ќе има краткотраен пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Утринската температура ќе биде 16, а дневната 33 степени.
Од четврток ќе преовладува стабилно и многу топло време со температури кои на повеќе места ќе надминат 35 степени.
Се предвидува дека утринските температури ќе се движат од 18. до 26., а дневните од 32. до 39. степени.

Поради тоа се препорачува посебна грижа околу пиењето ладни пијалоци, излегувањето надвор преку ден со шапка и очила за сонце, а не се препорачуваат никакви прошетки (освен за на работа) во периодот од 10. до 17. часот.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Хороскоп за утре за сите хороскопски знаци: Прочитајте што не советуваат ѕвездите за утре 03.05.2024 во врска со работата, љубовта и здравјето

Овен Работа: Ефикасниот и работно мотивиран Овен крајот на првата работна недела го дочекува задоволни …