(ФОТО) УШТЕ ЕДНО ПРИЗНАНИЕ – Тамара Тодевска е најдобриот женски вокал на Еуросонг 2019: Така одлучија гласачите на евровизиските радио награди

Нашата Тамара е на врвот а песната „Proud“ беше рангирана на високото 5. место…
Дури 23,3 отсто од гласачите за најдобар женски вокал ѝ го дале својот глас на македонската претставничка Тамара Тодевска, што е и прв воопшто трофеј за нашата земја на ова натпреварување. Зад Тамара се Кејт Милер-Хајтке од Австралија и Тамта од Кипар.
Во категоријата за најдобра песна, наградата ѝ припадна на победничката „Аркада” во изведба на Данкан Лоренс од Холандија. Нашата „Proud“ беше рангирана на високото 5. место.
Лука Хани од Швајцарија победи во категоријата за најдобар машки изведувач, оставајќи го победникот Данкан на второто и италијанецот Махмуд на третото место.
Норвежаните „Кеино“ се прогласени за најдобра група.
Гласањето за Радио-наградите на Евровизија 2019 година траеше од 1. до 10. јуни, а фановите и слушателите на Евровизискиот натпревар низ светот одлучуваа кому ќе му припаднат трофеите.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Сеќавање: 20 години без истакнатиот македонски историчар и археолог Томо Томоски

Томо Томоски е роден на 22 декември 1915 година во Скопје. Тој беше истакнат македонски …