(ФОТО) НЕВЕРОЈАТНА СЛУЧКА: Љубовници од војната се сретнале после 75. години

Ветеран од Втората сетска војна ја  искористил шансата да ужива во повторната средба со својата љубов после 75. години  откако последен пат се виделе.
Кара Трој Робинс, стациониран со американската армија во североисточна Франција во 1944. година, се вљубил во локалната девојка Џенин Пиерсон, 18.
Но, едно утро Робинс (24) морал да замине на источниот фронт. Подоцна во САД се оженил со друга девојка.
“Кога замина во камионот, плачев, се разбира, бев многу тажна”, рекла Пиерсон. “Посакував по војната да не се врати во Америка”.
По војната, таа почнала да учи некои основни англиски фрази со надеж дека Робинс еден ден ќе се врати во Франција.
Но, и покрај тоа што се оженил, Робинс ја чувал сликата на војничката љубов.
Кога се вратил во Франција за комеморацијата на „Д – денот“, тој ја држел сликата, не бил сигурен дали е уште жива.
Робинс се сретнал со некои француски новинари кои му помогнале да ја пронајде својата воена љубов и да организираат емоционално обединување.
“Јас секогаш те сакав. Никогаш не ми излезе од моето срце”, и рекол Робинс на Пиерсон кога повторно ги погледнал нејзините очи.
“Тој рече дека ме сака. Разбрав многу убаво”, рекла Пиерсон на француски, смеејќи се.
Па зошто Робинс не се вратил порано?

“Знаете, кога ќе се венчате, после тоа, повеќе не можете да го правите тоа”, рекол Робинс.
Парот, и двајцата сега се вдовци, уживал неколку часа, пред Робинс да си замине од Нормандија, и си ветиле еден на друг дека повторно ќе се сретнат.
Имало солзи на збогувањето иако ветиле дека ќе се сретнат повторно.
„Жанин, те сакам девојка”, речкол Робинс со солзи во очите.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Циклонот од Атлантикот се поблиску до Македонија, подгответе се за обилни врнежи и грмежи – Постои можност за локално невреме!

Метео прогноза на Славчо Попоски: Утре и во вторник, и тоа под влијание на нов …