Денес ќе биде вистински ден за уживање

Среда ќе биде вистинско метео уживање. Претежно ведро време во поголем дел од денот, слаб ветер и донекаде пријатна температура. Оние кои ќе можат да го поминат денот на некоја од нашите планини ќе имаат вистински полн погодок.
Наутро ќе биде релативно студено, а минималната температура главно ќе има вредност помеѓу -6°С и -3°С низ котлините, а на повисоките места околу -9°С.
Температурата во текот на денот ќе има максимална вредност помеѓу 2°С и 6°С во котлините од северниот и западниот регион, а во јужниот крај околу 8°С.
Во скопската котлина се очекува претежно ведро време. Температурата ќе има минимална вредност околу -5°С, а максимална вредност околу 5°С, најавуваат од meteopro.mk .

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Први Мај во Дојран: врвулица од луѓе, се бара паркинг место, но и слободно столче во рестораните

Први Мај во Дојран е главно врвулица од луѓе кои го бараат своето место да …