Дели пари на улица: Полицијата го бара мистериозниот добротвор

Британската полиција го бара мистериозниот добротвор, кој остава коверти полни со пари на градска улица во малиот град Блекхал Колера, на северот на земјата.
Непознато лице остава пари од 2014 година. На почетокот на оваа недела, тие пронашле плик со 2.000 фунти. Ова е четврт плик од почетокот на годината, а тринаесетти по пет години.
Како дел од истрагата, полицијата земала и отпечатоци од белешките како дел од истрагата, но и покрај нивните најдобри напори,тие не биле во можност да го откријат идентитетот на сопственикот на парите
Детективот Џон Форстер рекол дека случајот останува мистерија.
„Ние ги поздравуваме сите информации што ќе ни помогнат да го разјасниме овој случај. Сето тоа би можело да биде дело на филантроп“, рекол тој, заблагодарувајќи им се на граѓаните што ги нашле парите.
Парите ќе останат во полицискиот оддел две недели, а доколку сопственикот до тогаш не се пријави, тие ќе бидат доставени до лицето кое ги пронашло.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Утрешен хороскоп за сите хороскопски знаци: Прочитајте што не советуваат ѕвездите за утре, 28.04.2024 година, во врска со работата, љубовта и здравјето

Овен Работа: На Овенот им претстои релаксиран ден, да го поминат на начин кој им …