„ЗдравоЗаГотово“со нова сезона и нова тема – Антикорупција

Интернет серијалот„ЗдравоЗаГотово“ започна со емитување на новиот циклус епизоди на тема антикорупција. Како настанува, каде вирее, како се препознава, кому сè му влијае и секако најважното – како да и се спротивставиме

Целта на проектот “ЗдравоЗаГотово – Антикорупција“ е да ја зголеми информираноста на тема корупција, да предизвика критичко размислување, и да го намали прагот на толеранција на граѓаните за оваа апсолутно негативна појава што континуирано го разнишува нашето општество.


Серијалот испраќа јасна порака “да не ја земаме корупцијата здраво за готово“, и преку едукативен и вешто духовит начин не’ соочува со нашиот нарав и подложност на корупција.


Речиси и да нема граѓанин кој свесно или несвесно учествува во корупција во државата. Попрецизно, “ЗдравоЗаГотово – Антикорупција“ ги посочува нашите непромислени навики да носиме подароци за службениците кога одиме да завршиме редовна административна процедура. Но, и нашите нагони “да завршиме побрзо работа“ и да “го прескокнеме редот“ со што ги активираме сите познанства со јавна функција.

И многу повеќе од тоа, “ЗдравоЗаГотово“ не соочува со неколку т.н. коруптофакти, или алармантни податоци, како што е процентот на случаите кога граѓани го иницираат подмитувањето што изнесува 32%, наспроти 25% од случаите каде експлицитно било побарано од нив мито.


– Корупцијата нè засега сите. Таа се заканува на одржливиот економски развој, на правдата и етичките вредности, го дестабилизира нашето општество и го загрозува владеењето на правото. Ги поткопува институциите и го доведува во прашање демократскиот систем. Корупцијата носи до сиромаштија. Ги одвраќа странските инвестиции, го забавува развојот на инфраструктурата… Навлегува во секој животен аспект, ги лишува граѓаните од нивните уставни и човекови права. Токму затоа оваа сезона решивме низ поинаква призма, низ еден систематски пристап, но и хумор и оптимизам, да влијаеме врз свеста на граѓаните и да ја „разгориме“ нивната желба да и’ се спротивстават кон корупцијата“ – изјавија од авторската екипа.

Водителка и оваа, како и минатата сезона е актерката Маја Љутков, а серијалот се емитува на социјалните мрежи во текот на ноември и декември. Следете ги каналите за комуникација Facebook, Instagram и YouTube,секој вторник во 19:00 часот излегува нова епизода, а секој ден објавуваме многу интересни и важни информации

“ЗдравоЗаГотово – Антикорупција“ е во продукција на Центарот за социјални иновации – Блинк 42-21.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Хороскоп за утре за сите хороскопски знаци: Прочитајте што не советуваат ѕвездите за утре, 12.05.2024 година, во врска со работата, љубовта и здравјето

Овен Работа: Во текот на овој ден Овенот треба да се фокусира на обврските поврзани …