(ВИДЕО) Ова е македонската претставничка на Детската евровизија во Полска


Македонската претставничка на Детскиот избор за песна на „Евровизија“, Мила Москов, вчера ја имаше првата проба. Четиринаесетгодишната Мила, во недела, на 24. ноември во Гливице, Полска, ќе се претстави со песната „Fire“.


Москов беше избрана преку аудиција на која учествуваа 18 кандидати.
„Од најрана возраст Мила покажува интерес кон музиката и на шест години се запишува во локалното државно музичко училиште во Прилеп на одделот за пијано, но по две години се префрла на соло пеење, каде и ги прави своите први почетоци во пеењето. На 11 години се пријавува на аудиција за мали таленти каде што влегува во финалето, со што ѝ се зголемил интересот за пеењето. Во 2017 година се запишува во приватното музичко училиште „Матрикс“ во Прилеп. Мила во 2017 година учествуваше на фестивалот „Мелфест“ како дебитант“, наведуваат од Македонската радио телевизија.


Инаку автори на песната „Fire“ се Лазар Цветковски и Магдалена Цветковска.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Изложба „Професори и студенти“ вечерва во МКЦ

Младинскиот културен центар оваа година по третпат ја реализира изложбата „Професори и студенти“. Суштината на …