(ВИДЕО) Јане порача од ОН: „Не ми пречи мојата попреченост, ми пречат бариерите!“

„Ме нервира кога ми е оневозможено да одам некаде, кога нема огради ниту транспортни средства за мене, па моите родители мораат да ме носат. Моите родители сега ми помагаат, но сакам да бидам независен…“
На овогодишниот Светски ден на детето, единаесетгодишниот Јане Велковски, застапник за деца со попреченост од Македонија, му се придружи на УНИЦЕФ на глобалниот самит во Обединетите нации во Њујорк, каде што побара да се преземе акција за да се заштитат и промовираат правата на децата и да престане дискриминација.

„Моите родители уште како мал ме учеа дека можам да правам се што прават другите, но на поинаков начин. Како што растев тоа стана мое правило. Да правам се што сакам и да уживам во животот. Мојата најголема страст е фудбалот. Тој ми дава сила, енергија и ме прави среќен. Фудбалот ме поврзува со многу славни личности и ме прави голем борец за еднаквост во спортот. Верувам дека секој на светот може да игра фудбал, без разлика како. Важно е да се биде еднаков и има респект. Јас се сметам себе си еднаков со другите и така треба сите да се однесуваат. Но не е лесно кога користиш инвалидска количка бидејќи има многу пречки на патот. Не ми смета мојата попреченост, туку ми сметаат бариерите на кои наидувам секојдневно. Ме нервира кога ми е оневозможено да одам некаде, кога нема огради ниту транспортни средства за мене, па моите родители мораат да ме носат. Моите родители сега ми помагаат, но сакам да бидам независен. Сигурно има многу, многу деца кои го делат истото мислење. Сакам да им порачам да бидат упорни и никогаш да не се откажуваат од своите соништа. Мора да ги уриваат бариерите пред нив и да прават добри работи кои за жал се повеќе недостасуваат. А за возрасните сакам да им кажам дека мора да се почитуваат правата на децата и да ги симнат бариерите – Да се стави крај на дискриминацијата“, порача Јане.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Сеќавање: 20 години без истакнатиот македонски историчар и археолог Томо Томоски

Томо Томоски е роден на 22 декември 1915 година во Скопје. Тој беше истакнат македонски …