ДА КРЕИРАМЕ УМЕТНОСТ 👋

Dreadpen распишува отворен повик под насловот #LetsCreateArt за сите оние што мислат дека уметноста може да го промени светот.
Се работи за конкурс во кој секој што ќе пријави свое старо или ново дело на тема скејтборд, графити, улична уметност, музика или било што друго, може да добие надомест од 100 евра како и ексклузивна можност на линија на маици со дизајнот и името на уметникот, што ќе биде претставена во продавницата на Dreadpen и на сите онлајн платформи!
Сите заинтересирани треба да ги објават дизајните на Инстаграм Feed со таг Dreadpen или да ги испратат на hello@dreadpen.com до 31 декември: 00:00 часот.
Ќе бидат изберани 1-2 најдобри дизајни со кои ќе се произведи ограничена линија на маици за следната колекција!
Dreadpen советува да се користат максимум 3 до 4 бои, може да се користи алатка по избор (Photoshop, Illustrator, Procreate, итн.)
Напомена: дизајните и илустрациите не треба да подлежат на ексклузивни права.
Заедно, градиме заедница! ❤️ 🌎
Повеќе информации на dreadpen.com/art

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

ЈУРОП ХАУС ГИ ПОЧНА АКТИВНОСТИТЕ ПО ПОВОД ДЕНОТ НА ЕВРОПА, СО СЕРИЈА НАСТАНИ ШИРУМ ЗЕМЈАТА ВО ТЕКОТ НА МАЈ

Централниот настан е закажан за 22 мај, од 20 часот, на платото на Универзитетот „Св. …