ДА ЈА ПОКАЖЕМЕ НАШАТА ХУМАНОСТ: Аукција на фотографии за помош Кристијан да застане на нозе!

Родителите ќе направи се за да му помогнат на своето дете, а тоа го прават и за Кристијан, момчето кое има потреба од наша помош, бидејќи во Македонија е невозможно да му се направи операција, се собираат средства за интервенција во странство.
„Кога очекувавме дека дојде крајот на маките на Кристијан, после сите поминати операции, третмани, голготи… кога очекувавме дека Кристијан ќе биде подобро, се случи тоа што воопшто не го очекувавме!
Кристијан падна и го скрши колкот. Поради неговата состојба (аутизам и епилепсија) во Македонија не се нафаќаат на операција и истата треба да ја чекаме уште 4 .години, бидејќи Кристијан сега е дете и овие операции не се праваат на деца.
Покрај овие состојби Кристијан има и остеопороза што дополнително пречи колкот да зарасне. Секој ден Кристијан пие терапија против болки кои се неиздржливи, неможе да се движи, врзан е за количка. Никој не ни гарантира дека Кристијан после 4. години ќе го оперираат и дека ќе може да застане на нозе.
Барајќи го спасот секаде, не можејќи да дозволиме ваква неизвесност и вака да го оставиме Кристијан, најдовме болница во Турција која се нафати да го оперира по Judet Meyers метода за да може Кристијан да оди и да застане на нозе. Операцијата чини 10.000 евра кои ние ги немаме ниту пак можеме некако да ги обезбедиме без ваша поддршка.
Ние како родители ве замолуваме да ни помогнете да ја поминеме и оваа голгота и да ги собереме потребните парични средства за да може нашиот син да застане на нозе“, напиша мајката на Кристијан на Фејсбук во една многу емотивна објава.
Но, родителите сега се сетија да организираат и Аукција на слики со цел средствата што се потребни за Кристијан да се соберат побрзо и да го однесат на саканата операција.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Премиера на театарската претстава „Не можам да платам, не сакам да платам“

„Не можам да платам, не сакам да платам“ од Дарио Фо, во режија на Владимир …