ДА БИДЕМЕ ХУМАНИ – Апел за помош за 26 годишниот Боро Стаиќ на кој итно му е потребен апарат за асистирано искашлување

Боро Стаиќ е момче на 26 годишна возраст. Поради повреда од неговата 18. годишна возраст е парализиран од вратот надоле, сите четири екстремитети (квадиплегија). Во моментов се наоѓа во болница каде што е хоспитализиран поради Ковид-19.

Тој не може сам да се искашла и при такви ситуации се гуши. Затоа итно му е потребен апарат кој го викаат „машина која живот спасува“ со која неговите родители ќе можат да му помогнат во случај на гушење. Тој апарат е машина за асистирано искашлување која доведува воздух во белите дробови и го исфрла брзо назад за да се исчисти секретот од дишните патишта.
Неговите најблиски роднини и пријатели апелираат за помош, да се помогне на младиот Боро и да се набави апаратот и одредени додатни потрошни делови за истиот.


Сметката на која може да се донира е следната: НЛБ Тутунска банка – 210501699867140 – Боро Стаиќ

За помош на Боро е отворена и интернет  страница на gofundme.com за да може да го купи апаратот кој ќе му помогне во закрепнувањето.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Циклонот од Атлантикот се поблиску до Македонија, подгответе се за обилни врнежи и грмежи – Постои можност за локално невреме!

Метео прогноза на Славчо Попоски: Утре и во вторник, и тоа под влијание на нов …