(ВИДЕО+ФОТО) Откриваме која е приватно Благородна, гостинката што го „запали“ Коста во „Преспав“ со својот телесен раскош и отворениот брак

Обожавателите на ситкомот „Преспав“ имаа можност во најновата епизода да ја запознаат Благородна – односно, македонската актерка Драгана Левенска…
Во најновата 11. епизода од 5-тата сезона на македонскиот ситком „Преспав“, насловена „Отворен брак“, во пансионот се ширеа секс вибрации кои ги предизвика гостинката Благородна или актерката Драгана Левенска.
Благородна се појави на рецепцијата пред газада Коста и Талат, а со својот телесен раскош му направи експлозија во мозокот на Коста, а богами и на Талат.


Дополнително за тоа придонесе што таа само за да не им плати, им фрли мамка со тоа што им кажа дека е во отворен брак со својот сопруг.
Ловот на Коста почна веднаш, Ула полуде, а Благородна квалитетно му го „возеше“ филмот само за да си ја оствари својата цел.


 

View this post on Instagram

 


A post shared by Преспав (@pansionprespav)


Доколу им Вам ви „влезе во око“ Благородна, приватно станува збор за 35. годишната актерка Драгана Левенска.
Драгана е македонска театарска и филмска глумица, најдобро позната на театарската публика.
Дипломирала во Универзитетот за аудиовизуелни уметности ЕСРА, на отсекот за актерска игра во 2014. година, а од истата година е вработена во Македонскиот народен театар.

Актерството е нејзината прва љубов уште од мали нозе. Иако првенствено се запишала на факултетот за книжевност, сепак не престанала да сонува за театарската магија, и таа желба еден ден и се остварила:

„Отсекогаш сакав да бидам актерка, не знам за друга професија, освен за актерството. Кога завршив средно училиште, на академијата за драмски уметности таа година не примаа актери, морав да чекам две години, па затоа решив да запишам студии по книжевност, но на моја голема радост, во меѓувреме се случи отворањето на факултетот за радио-визуелни уметности ЕСРА, па така после една плејада на настани стигнав до крајната цел“, вели Драгана за своите почетоци во едно интервју за „Fashionel.mk“

Денес театарот е нејзиниот најголем љубовник.
Видеото од урнебесната епизода каде глуми Драгана се најде и на нејзиниот профил на Фејсбук каде доби ласкави комплименти од следбениците.
Дололку ја пропуштивте оваа возбудлива епизода, задолжително ставете ја за гледање на вашето телевизиско мени.

Видео и фото: Социјални мрежи

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Сеќавање: на денешен ден не напушти нашиот истакнат вајар и академик Димо Тодоровски

Димо Тодоровски е роден во Солун на 11 декември 1910 година. Тој беше истакнат македонски …