Британската манекенка Стела Тенант се самоубила

Британската манекенка Стела Тенант, која ненадејно почина во декември на 51. година, извршила самоубиство, објави нејзиното семејство.
„Стела веќе некое време не беше добра. Значи, на наша најголема тага и жалост, таа не се чувствуваше во можност да продолжи и покрај љубовта на најблиските“, се вели во соопштението на семејството.
Стела Тенант почина на 22. декември, пет дена по нејзиниот 50-ти роденден. Тогаш полицијата изјави дека нејзината смрт не е сомнителна.
Моделот, кој потекнува од британско аристократско семејство, беше откриен во 1994 година од модниот фотограф Стивен Мејзел.
Учествувала на ревии на Џани Версаче, Џон Галијано и Александар Меквин и работела на рекламни кампањи за куќата Шанел.
Од 1999. година, таа е во брак со францускиот фотограф Дејвид Ласне.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Влатко Стефановски ја одбележува 50-годишнината од својата кариера во Филхармонијата во Скопје.

После распродадени концертни сали во Лондон, Виена, Осијек, Загреб и Белград, Влатко Стефановски, познатиот виртуоз …