Д ФЕСТИВАЛ со повик за волонтери, креативци и музички изведувачи

Конечно! Единствената фестивалска авантура кај нас ова лето се враќа во полн сјај со Д ФЕСТИВАЛ во комплетно издание кое ќе се одржува од 1 до 3 јули во Дојран: тридневна програма и активности во сите фестивалски зони и на сите Д-бини! А таму ни требаат здружени креативни сили и заедно да создадеме простор за сите убави и позитивни творци, дела, активности и креации кои ги имаме кај нас и кои треба да ги претставиме пред сите. Ги отвораме вратите на Плоштарт, на Главна бина, Mosquito, LakeAwake, Silent Disco, Smooth, Чрч, во камп, во останатите познати но и новите катчиња и бини кои сакаме заедно да ги креираме ова лето на Д Фестивал. ПРИДРУЖИ НИ СЕ!

📢 Повик за ВОЛОНТЕРИ
Д Фестивал е резултат на заедничката креативност на сите учесници, а во изградбата на ова единствено искуство кај нас, клучен и еден од најбројните тимови на фестивалот е токму волонтерскиот!
Придружи ни се во тимот и помогни ни и ова лето да ја оживееме фестивалската магија во Дојран преку креирање на многуте различни катчиња, со помош на терен во декорација, со помош во кујна или во еко-патрола, помош во канцеларија и промоција на фестивалот.
Пријави се за Д-Волонтер на следниот линк: Волонтирај на Д Фестивал


📢 Повик за МУЗИЧКИ ИЗВЕДУВАЧИ
Ти сакаш да ја претставиш твојата музика пред сите, а ние сме секогаш тука за нови музички изведувачи кои сакаат да настапуваат и да ја збогатат програмата. Бендови, но и соло-артисти или диџеи. Конкурсот е отворен, пријавувањето наједноставно.
За настап на Д Фестивал, пополни го онлајн-формуларот на: Настапувај на Д Фестивал

📢 Повик за КРЕАТИВЦИ
ПлоштАрт – креативното јадро и мултимедијалниот простор во срцето на Д Фестивал официјално го отвора конкурсот за пријавување на годинашните учесници. За сите креативци желни да придонесат кон креирањето на најактивната креативна зона на Д Фестивал.
Здруженија или индивидуалци, уметници или активисти, ракотворци или аниматори, сите се дел од ПлоштАрт. Повикот е наменет за сите млади во Македонија кои сакаат да учествуваат со своја креација во дневната програма на фестивалот.


Имаш идеја за кул работилница или тема битна за дискусија, твоето здружение има проект важен за младината, сакаш да учествуваш со арт-инсталација или перформанс, можеби имаш свој моден бренд, рачна изработка или накит, фотографии, книги, стрипови, илустрации и сѐ што во моментов ти е преокупација и е супер да го видат повеќе луѓе! Или едноставно имаш идеја како да го разубавиш просторот и да ги забавуваш посетителите на Д Фестивал!
Пријави се и креирај го ПлоштАрт на овој линк: Повик за креативци

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Фестивал за современа музика МОДОАРС 2024

Започнува седумнаесеттото издание на Фестивалот за современа музика МОДОАРС. На отварањето на фестивалот МОДОАРС 2024 …