Британската кралица (95) ноќта ја поминала во болница

БРИТАНСКА КРАЛИЦА ЕЛИЗАБЕТА II. ноќта ја поминала во болница на прелиминарни тестови, но се вратила во замокот Виндзор и била добро расположена.
Кралицата го откажала своето службено патување во Северна Ирска во средата, а палатата соопштила дека лекарите и препорачале одмор и митувањеи дека не станува збор за ковид-19.


View this post on Instagram

A post shared by The Royal Family (@theroyalfamily)


Била на испитување
„Почитувајќи ја лекарската препорака да се одмори неколку дена, кралицата беше на прелиминарни тестови во средата. Таа се врати во замокот Виндзор за време на ручекот и е во добро расположение“, соопштиле од палатата.
Според извор близок до кралската куќа, кралицата останала во болница од практични причини, а во четвртокот попладне се вратила на полесните обврски.
Деведесет и петгодишната кралица владее скоро седум децении.


Фото: Принтскрин/Instagram

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

На денешен ден е роден нашиот познат актер Сашко Коцев

Сашко Коцев е роден на 28 ноември 1981 година во Куманово. Тој е еден од …