Бред Пит ќе вози Формула 1 на Големата награда на Британија

Познатиот актер Бред Пит наскоро ќе влезе во кокпитот на вистински тркачки автомобил за неговиот претстоен филм за Формула 1, тврдат режисерот Џозеф Косински и продуцентот Џери Брукхајмер.
За време на панелот за сè уште ненасловениот филм за Формула 1, Косински и Брукхајмер открија детали за производството на филмот на Apple Studios со Пит во главната улога. Еден од продуцентите ќе биде седумкратниот шампион во Формула 1, Луис Хамилтон, пренесува Variety. Снимањето ќе се одвива на Силверстоун, патеката на која се одржува Големата награда на Британија. Оваа година трката ќе се одржи на 9 јули.


Модераторот на панелот Вил Бакстон рече дека филмската екипа ја создала „најмалата 6К камера некогаш дизајнирана да ги одведе гледачите во кокпитот“ каде што ѕвездите од филмот ќе возат вистински тркачки автомобили. „Точно е. Бред Пит ќе вози Ф1 болид од Силверстоун натаму“, додал Бакстон. ESPN F1 ја потврди веста преку твит, кој во меѓувреме го избриша. Variety дознава дека Пит нема да се трка со други возачи на патеката и најверојатно ќе вози модифицирана верзија на јуниорски Ф2 или Ф3 болид.
Бакстон исто така сподели дека тркачкиот автомобил користен во филмот е дизајниран од Мерцедес, а Луис Хамилтон дава совети за приказната и сценариото за да се увери дека ова е најавтентичниот филм за трки со автомобили досега.

Според официјалниот синопсис на филмот, Пит глуми возач кој се враќа од пензија за да се натпреварува заедно со дебитант против еден од титаните на спортот. Во него глуми Демсон Идрис, а сценариото е напишано од Ерен Кругер, ко-сценарист на „Топ Ган: Маверик“. Меѓу продуцентите се Хамилтон, Косински, Брукхајмер и Чад Оман од Џери Брукхајмер Филмс и продуцентската куќа на Пит, План Б Ентертејмент. Извршен продуцент е Пени Тоу.

Фото: Принтскрин/

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Почина таткото на Тоше Проески

Веста за неговата смрт на социјалните мрежи ја објави неговата ќерка Дора, „Светол патот, татко …