БРАК – Прво зборувајте за пари, па за брак! Прељубата не е главната причина за развод!

Кога двајцата имаат различен став кон буџетот, може ли тоа да донесе раздор во бракот?
Фактот дека парот не го дели истиот став како трошењето пари е чест предизвикувач за развод – заклучиле истражувачи од Универзитетот Колумбија.

За пари секој втор брак „се лизга“
Тимот научници сакал да провери колку е важно управувањето со финансиите за стабилна и успешна заедница, па затоа спровеле истражување меѓу 1.000 брачни парови и 1.000 разведени лица. Дошле до интересни информации кои многу им раскажале.


„Главната причина за разводот не е прељуба“

Врз основа на податоците креирани како производ на студијата, тие заклучиле дека ова е многу важна ставка, на која, за жал, „се лизга“ секој друг брак. И тоа незабележливо.


Брачните другари мора да имаат ист став за парите
Истражувањето покажало дека за успешно финансиско управување, потребно е сопружниците да имаат единствен или приближно единствен став кон буџетот, начинот на кој тој се управува и како се трошат и заштедуваат пари.

„Секој втор брак се разведува затоа што некој троши премногу пари“


Сепак, се покажало дека 45% од браковите завршиле или се во длабока криза затоа што едниот од партнерите трошел пари прекумерно, а на другиот му пречело тоа. Или, едниот бил премногу штедлив, што може да биде и досадно. Меѓу испитаниците имало и жени кои признале дека „купувале“ премногу, што започнало да ги иритира нивните сопрузи, па сериозно им замерувале и потоа започнале расправии.
Машкиот дел, пак, открил дека склоноста кон коцкање, пиење во кафуле и неплаќање на сметки и заеми навреме се плаќа скапо – со развод.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Циклонот од Атлантикот се поблиску до Македонија, подгответе се за обилни врнежи и грмежи – Постои можност за локално невреме!

Метео прогноза на Славчо Попоски: Утре и во вторник, и тоа под влијание на нов …