(ВИДЕО) БАРЕМ НЕ КОНТРИРА: Ноле и неговиот син направиле ШОУ по улиците на Белград

НАЈДОБРИОТ тенисер на планетата Новак Ѓоковиќ решил да се опушти и да се загрее со тенис на улица во студениот декемвриски ден.
Додека целиот спортски свет се прашува дали ќе игра на Австралија опен во Мелбурн, Ноле настапува во новобелградскиот блок „Vest 65“.
На видеото кое се појави на социјалните мрежи може да се види како разменува удари, не се гледа со кого, но може да се наслути дека се работи за неговиот син Стефан.


Во саботата се појави информација дека Ѓоковиќ нема да игра во АТП купот, а целата приказна за заминување или не заминување во Австралија трае веќе со месеци.
Австралијците бараат задолжителна потврда за вакцинацијата на играчот, а Новак не сака да открие дали е вакциниран.
Досега девет пати го освојуваше Австралија опен, а во Мелбурн треба да атакува на десеттата титула и рекордната 21. од Грен слем турнирот.

Фото: Принтскрин/Twitter

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Среќен роденден Каролина Гочева !!!

Каролина Гочева е родена на 28 април 1980 година во Битола. Таа е позната македонска …