Нархиепископот Дезмонд Туту, добитник на Нобеловата награда за мир и ветеран во јужноафриканската борба против владеењето на белото малцинство, почина денеска на 90-годишна возраст, соопшти Претседателството на Јужна Африка.
„Заминувањето на надбискупот Дезмонд Туту е уште едно поглавје во кое со жалење се збогуваме со генерацијата исклучителни Јужноафриканци кои ни ја оставија во аманет ослободена Јужна Африка“, се вели во изјавата на претседателот Кирил Рамафоса.
На Дезмонд Туту му бил дијагностициран рак на простата во доцните 1990-ти и во неколку наврати во последниве години бил хоспитализиран поради различни инфекции поврзани со лекувањето на ракот.
Соопштено е дека тој починал мирно утрово во болницата во Кејтаун, но детали за причината за смртта не се соопштуваат.
Туту беше награден со Нобеловата награда за мир во 1984. година за неговото ненасилно противење на апартхејдот.
ЗАМИНУВАЊЕ НА НОБЕЛОВЕЦОТ ПО ДОЛГА И ТЕШКА БОЛЕСТ: Почина надбискупот Дезмонд Туту
©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.