(АУДИО) „Макфест 2020“: Дебитантскиот настап на Омар Џафероски, со награда!

Според многумина, нашиот најталентиран млад пејач, Омар Џафероски, на својот дебитантски настап на Макфест 2020, со одлука на стручното жири го освои високото трето место.

На фестивалот Омар Џафероски настапи со песната “Ако те изгубам”, музика и аранжман Николче Мицески, текст Весна Малинова.


“Возбуда и секако огромно задоволство беше кога ја добив потврдата од нашиот најреномиран фестивал на забавна музика Макфест, дека со песната “Ако те изгубам” влегов во натпреварувачкиот дел на овогодинешното издание, но дека од таму ќе се вратам со освоено трето место во таква силна конкуренција од 24 изведувачи сепак не очекував.
“Би сакал и официјално да му честитам на Пере и Нокаут за освоеното прво место и секако да се заблагодарам на Николче и Весна за одличната песна и Благодарност до стручното жири на Макфест што го награди тоа”, рече Омар Џафероски


 

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Денес роденден прославува нашиот познат оперски пејач Благој Нацоски

Благој Нацоски е роден на 18 мај 1979 година во Скопје. Тој е познат македонски …