Анџелина Џоли ги добила документите од истрагата на ФБИ против Бред Пит?

Анџелина Џоли, наводно, добила многу документи од ФБИ кои го истражуваат наводниот авионски инцидент меѓу неа и Бред Пит. Холивудската дива (47) го побарала извештајот за да добие „правна заштита“ од нејзиниот поранешен сопруг (59), објави Daily Mail.
Според британскиот таблоид, извештајот за кавгата, која наводно довела до еден од најпознатите холивудски разводи, е на повеќе од 100 страници. Џоли го добила по судски спор претходно овој месец. Останатите документи се очекува да ги добие на крајот на јануари.

Конфликтот за старателството над децата се уште трае


This image has an empty alt attribute; its file name is bred-pit-angelina-jolie-i-decata-vo-rim.jpg
Поранешните сопружници се уште не успеале да се договорат за старателството на нивните шест деца. И’ покрај тоа што двајцата најстари, Медокс и Пакс, веќе не се малолетни, тие се расправаат кој ќе ги одгледа Захара (17), Шајло (16) и Вивиен и Нокс (14).
Да потсетиме, Анџелина Џоли поднесе противтужба против Бред Пит во која упати сериозни обвинувања против нејзиниот поранешен сопруг. Таа детално го опишала она што го навела како злоупотреба во приватен авион во 2016 година. Портпаролот на Пит за Си-Ен-Ен изјавил дека наводите се „целосно лажни и дека Анџелина користи лаги за да ги сврти децата и јавноста против нивниот татко“.

Фото: Архива


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Почна снимањето на дебитантскиот филм на Косара Митиќ со работен наслов „17“

По повеќемесечни темелни подготовки, почна снимањето на долгометражниот игран филм со работен наслов „17“, дебитантското …