Актерот од серијата „Чиста хемија“ ненадејно умрел во сон: Имаше 52 години

Мајк Бетеџих починал во сон во својот дом во Мичиген
Актерот Мајк Бетеџих починал во сон во својот дом во Мичиген, јавуваат светските медиуми, поради срцев удар на 52-годишна возраст. Неговата сестра Дајан изјавила дека неговата смрт била ненадејна и ги оставила сите во состојба на шок, а тој немал историја на срцеви заболувања.
„Тој многу ќе им недостига на сите кои го сакаа“, изјавило семејството вчера, додавајќи, „и неговата голема способност да им донесе смеа и радост на многумина“.
Мајк беше најпознат по улогата на Денис Марковски, во универзално популарната серија „Breakin Bad“ (Чиста хемија).
Тој беше и комичар, кој пред само две недели на Инстаграм сподели објави од своите стенд-ап ангажмани.

Неговиот приватен живот не и е толку познат на јавноста, а не се знае дали бил оженет и дали имал деца.


Фото: Принтскрин/Instagram

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Вечерва во Драмски игра претставата „Фирма“

Вечерва во Драмскиот Театар во Скопје, со почеток во 20:00 часот, ќе може да ја …