Битолчаните од групата „Мотив” се академски музичари кои со години наназад ја негуваат македонската народна песна и оро. Досега овие млади и талентирани момци биле дел од голем број наши фестивали, проекти, но и важат за група која ја почитува авторската музика. Доказ за тоа е нивниот албум со новокомпонирана македонска музика, на кој работат изминатиов период.
Песните кои што ќе се најдат на албумот се дело на композиторот Николче Мицевски, снимени во XL студиото на Дејан Момировски, додека пак текстовите се дело на Валентин Соклевски и Борче Нечовски.
Промоцијата на истиот се очекува многу наскоро.
„Мотив” досега имаат соработувано со голем број македонски пејачи, пејачки и музичари, а неодамна со Елена Велевска, Марјан Коцен и Миле Кузмановски снимија еден многу интересен проект, кој јавноста ќе има можност да го погледне во текот на празниците.