Reborn Поп ап шоп (vol. 3) оваа сабота во Ланголо

Не се подготвува ново поглавје, ниту нова приказна во градот, туку стариот и добар Поп ап шоп на Reborn.
Истиот ќе се одржи во сабота, 8-ми декември 2018, од 12.00 до 16.00 часот во Ланголо ди Кафе во Скопје. Ова мало и пријатно место може да се најде близу Католичка црква, веднаш до амбасадата на Романија во Македонија, на улица Никола Тримпаре.
Reborn го организира овој настан после повеќе од една година пауза, точно и неслучајно на време за купување подароци. Ова е третиот Поп ап шоп и оваа година ќе им се придружат MightyJewelry, 5 до 12, Марио Манески, Foreground Totebags, АнАрт (Handweaving Studio) и Magda Station. За музиката ќе бидат задолжени Скопски грув.

Самата локација може да ја најдете на: https://goo.gl/maps/twRYsHUJYiK2
Настанот на Фејсбук е на: https://www.facebook.com/events/330951491061483/


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Хороскоп за утре за сите хороскопски знаци: Што не советуваат ѕвездите за утре 05.05.2024 во врска со работата, љубовта и здравјето?!

Овен Работа: Позитивната енергија и доброто расположение треба да го поттикнат Овенот овој ден да …