(ВИДЕО) НОВА ЕПИЗОДА ОД СВЕЌИЧКАТА ОГИ: Играме криенка и учиме да броиме!

Гледајте ја втората епизода од авантурите на роденденската свеќичка Оги и неговите другарчиња! Овој пат, Оги и нилското коњче Лила Виолетова учат да бројат, играјќи криенка низ Дримленд.

“Свеќичката Оги” е нова македонска серија за деца, во продукција на компанијатаДримленд, сопственик на познатиот ланец игротеки во Скопје. ПрекудругарувањетосоСвеќичката Оги, Тортичка, нилскотокоњчеЛила и бувотБубу, децатасезабавуваат и го запознаваат светот прекуигра, смеа и песна.


Епизодите од “СвеќичкатаОги”се достапни наYouTube,наФејсбук, како и преку Дримленд мобилнатаапликација.

“Нашата цел е да обезбедиме повеќе интернет содржини за деца на македонски јазик.Денес децата гледаат YouTube видеа секојдневно и тие често се на англиски, српски, хрватски, па и надругијазици. Какосемејна компанијачијадејност е поврзанасорастењето и развојотнадецатa, решивме данаправимесеријана нивниот мајчин јазик, којаќеимнудизабава, водејќи грижа тоа да биде и корисно за нив”, изјави сопственикот на Дримленд Игротеки, АлександарЈаковлески.


“Свеќичката Оги” е комбинација од играна акција и анимација, така што во неа сѐ е цртан филм освен главниот лик кој е всушност и новата маскота на Дримленд и со кого децата ќе можат да се дружат во живо, во самите игротеки. Втората епизода од “Свеќичката Оги” може да ја гледате на линкот во оваа објава, а нова епизода очекувајте секоја среда.

Линк од втора епизода


YouTube канал: http://bit.ly/СвеќичкатаОгиYouTube
Facebook страна:
Дримленд мобилна апликација: http://bit.ly/МобилнаАпликација
Вебстраница: http://bit.ly/ИгротекиДримленд
#СвеќичкатаОги #ДримлендИгротеки #ЗаПосреќноДетство #игротека#роденден

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Маалска чистка во Кисела Вода во рамките на „Генералка Викенд“

Волонтерскиот Центар Скопје се приклучува кон пролетната акција за чистење и селектирање отпад „Генералка викенд …