Пејачката и глумица Џеинифер Лопез (48) овие денови има настапи во клубот „Планет Холивуд“ во Лас Вегас, поради што напорно вежба за да својата линија, но и кондиција, ги доведе на завидно ниво.
Цената на влезниците за шоуто „All I have“ (Се што имам) се движи од 120. до 750. долари.
Лопез на обожавателите им се пофалила со фотка од тренингот, како и со новите хеланки со шара на змијска кожа.
„Здраво јадам и вежбам скоро секој ден. Морам да работам на телото како и сите други“ напишала Џенифер.
Набргу откако ја објавила фотографијата се зголемила побарувачката за хеланките на американскиот бренд, кои чинат 100.долари.
„Кога мислите дека петок не може да ви мине подобро, Џенифер објавува секси фотографија во вашите хеланки“ коментирале од компанијата.