Нови информации за најмоќните телефони на Google!

Google подготвува два нови Pixel паметни телефони кои што ќе бидат претставени во текот на летото, или најдоцна на есен.
Гласините поврзани со датумот на претставувањето на новите телефони на Google се разликуваат – некои тврдат дека новите Pixel паметни телефони ќе пристигнат најдоцна до август со цел Google да „им го украде шоуто“ на Apple, но според некои други информаци, Google своите два нови телефони ќе ги претстави во текот на есента.
Покрај двата телефони, Google на истата конференција би требало да претстави бежични слушалки и паметен часовник кој што би требало да работи на новата верзија на процесорот Snapdragon специјално направена за паметни часовници, како и на новата верзија на оперативниот систем Wear OS.
За производството на новите Pixel телефони на Google оваа година би требало да биде задолжен Foxconn и инжинерите кои што станаа дел од оваа компанија после аквизицијата на HTC.
Освен во големината на екранот, разликата помеѓу Pixel 3 и 3 XL ќе биде и во хардверскиот дел сместен во горниот дел од екранот – по примерот на iPhone X, “Notch” ќе има само Pixel 3 XL и во него ќе се наоѓаат две камери..
Екранот на овој телефон ќе ја зазема речиси целата предна површина на телефонот и само на долниот дел ќе се наоѓа мала рамка. Од друга страна, помалиот модел ќе има таква рамка на долната, но и на горната страна.
Покрај тоа, двата телефони на задната страна ќе имаат само една камера, но благодарение на софтверската оптимизација, со единствената камера ќе може да се прават фотографии со заматена позадина.
Што се однесува до хардверот, како и најголемиот дел од телефоните кои што работат на оперативниот систем Андроид, очекуваме Snapdragon 845 процесор и 4 GB RAM, односно 6 GB RAM меморија.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Galaxy AI пристигна – искусете го нашиот свет на AI и добијте феноменален пакет подароци

Оваа пролет ќе биде во знакот на мобилната вештачка интелигенција бидејќи Galaxy AI e сегадостапна …