Отворен ден за во театар!

Македонскиот народен театар, по повод 27 март, светскиот ден на театарот, за љубителите на театарската сцена организира две бесплатни претстави.

Станува збор за детско-младинската претстава „Силјан Штркот шанца” во режија на Срѓан Јаниќијевиќ, која ќе се одигра на малата сцена на 30 март во 12:00 часот и изведбата на претставата „Бесачи” во режија на Јавор Грдев, ќе биде со вечерна изведба на 6 април со почеток во 20:00 часот.


Гратис билетите ќе се подигнуваат пред почетокот на изведбите.

Повелете во театар!
РСМ НУ Македонски народен театар


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Денеска се празнува Светиот пророк Еремија

Светиот пророк Еремија Роден 600 години пред Христа, во селото Анатот, недалеку од Ерусалим. Почна …