„Во името на љубовта” – Голем концерт на Жељко Самарџиќ на 13-ти април во Скопје

Во рамки на неговата турнеја „Во името на љубовта”, на 13-ти април 2024-та година во „Арена Борис Трајковски”, концерт ќе одржи Жељко Самарџиќ заедно со „Пријателите”.

Кога Самарџиќ ќе настапи на сцена и ќе отпее некоја љубовна песна од неговата колекција безвременски хитови, едноставно никој не може да остане имун. Концертот на 13-ти април, нема да биде како ниту еден друг досега, а публиката може да очекува вистински спектакл со времетраење од 2 часа или пак нешто повеќе, Жељко Самарџиќ и „Пријателите” + многу специјални гости.


Едноставноста, спонтаноста и ставот на џентлмен се најверојатно особините поради кои го стекнал вниманието и почитта кај жените, а љубовните рефрени само го потврдуваат истото. Во нив ќе уживаат и девојките, но и повозрасните дами. И оние коишто ќе бидат таму за да танцуваат, но и оние другите, коишто ќе сакаат само да гледаат и пеат.

Помеѓу големите концерти, важните успеси, болните сеќавања, носталгијата, се провлекува една животна приказна преполна со искушенија и музика, преполна со емоции. „Подгответе се за одлична забава, но и заедно да ја прославиме љубовта!” – вели Самарџиќ.


Се чини сосема доволно за да предвреме го етикетираме како спектакл кој нема реприза.

Влезниците за концертот се веќе пуштени во продажба и истите ќе имате можност да ги купите преку продажната мрежа на www.kupikarta.com, Розе Веро 2 и ЈК Травел во Бисер.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Премиера на краткометражниот филм „Прошетка“

ТРИ ТОЧКИ Продукција со задоволство ве поканува на премиерата на краткометражниот филм „Прошетка“ во режија …